50-годишниот маж кој синоќа беше застрелан заедно со уште едно лице во скопско Арачиново почина во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
„Едниот од повредените починал, додека второто лице (19 годишник) е веднаш примено на Одделот за интензивна нега, поставена е дијагноза и ќе се изврши хируршка интервенција“, соопштија од Ургентниот центар.
„Поради сериозноста на состојбата на 50-годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на згрижувачките медицински екипи пациентот починал“, посочуваат од Ургентниот центар.






