Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во Кочани починал утрово.
Колегите и вработените во Општата болница Кочани, по вчерашниот шок, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.
Како што пишува порталот „Метропола“, Гоцевски починал ноќва откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и никогаш повеќе не се разбудил.






