Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го одигра последниот натпревар пред домашните навивачи.



Во последното коло од Бундеслигата Дортмунд победи против Дармштад со 4:0, а Ројс со асистенција се запиша меѓу стрелците.

Ројс, по прошталниот натпревар, ги почести сите 80.000 фанови со пиво со порака

“Ви благодарам за се’! Последната тура пиво е од мене”.

Германецот по 12 години ја напушта Борусија, а кореографијата која му ја подготвија покажува колку се емотивни неговите соиграчи и навивачи.