Потребна е стабилност, одговорност и борба против корупцијата, алармира Азески

Стопанската комора на Македонија испрати јасна порака за приоритетите во претстојната година: стабилност, висока одговорност и засилена борба против корупцијата. Претседателот на Комората, Бранко Азески, истакна дека годината пред нас носи сериозни предизвици, но и можности.



Може да се констатира дека се отвора фронт за големи проекти, вклучувајќи ја железницата. Но, мораме внимателно да одиграме за да избегнеме надворешни последици“, изјави тој.

Азески нагласи дека Комората нема да отстапи од своите приоритети:

  • Борба против корупцијата и сивата економија.
  • Гасификација и зголемување на конкурентноста на извозните компании.
  • Поддршка за иновативноста на производите.
  • Промена на застарени законски решенија, како Законот за извршување, парафискалните давачки и регулаторната гилотина.
  • Подобрување на социјалниот дијалог меѓу партнерите.

Азески се осврна и на глобалните фактори кои влијаат врз македонскиот бизнис, вклучувајќи ја економската ситуација во Европа, политичките промени во САД и продолжувањето на војната во Украина.

Германија, нашиот најголем трговски партнер, се соочува со сериозни економски предизвици, а тоа неизбежно ќе има влијание и врз нас“, предупреди тој.

И покрај предизвиците, Азески гледа позитивни знаци, особено кај странските и домашните инвеститори. „Компаниите се подготвени за евтини кредити, што ќе поттикне нова инвестициска активност. Проектите како ‘Бехтел и Енка’ веќе се во тек,“ рече тој.

Во однос на платите и пензиите, Азески истакна дека нивниот раст мора да биде усогласен со растот на домашниот бруто-производ.

Бизнисот останува кохезионен фактор кој мора да добие поддршка за да овозможи напредок,“ заклучи тој.

Потребно е час поскоро замјите од Западен Балкан целосно економски да се интегрираат и да се елиминираат сите пречки за стопанска соработка – ова беше пораката која денеска ја испратија претсавниците на Коморскиот инвестициски форум, на состанокот в Скопје. Засега и покрај предизвиците и ситуацијата во Германија, како позитивно го оценија тоа што засефа нема најави за отпуштање на работници, туку напротив велат има потреба од работна сила.

  • „Бизнисот е како велосипед ако го вртиш ќе дава резултат, ако не ќе падне, ние сакаме тој велосипед да го убрзаме, бидејќи тоа дава стабилност…. Ние правиме се за да ги убедиме и структурите тука и структурите во регионот дека мора економиите на Западен Балкан да меѓу себе ја згоелмат соработката меѓу себе затоа што сите тие се мали, како да вртиш да превртиш сите тие мали и не можат конкуретно способно да се носат на пазарите..“ – изјави Бранко Азески.

Од Коморскиот инвестициски форум велат план постои ќе направат се што е во нивна моќ да се олеснат процедурите и условите за креирање на бизнис не само во регионот туку и пошироко, нагласувајќи дека овој форум е многу значаен механизам за сите држави членки, бидејќи е креиран од приватниот сектор и бори 375 000 претпријатија кои вработуваат околу 7 милиони луѓе.