Во тек е потрага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој исчезна во четвртокот, јавува Фактор.
Неговата сестра Марија, која апелира за помош, за Фокус изјави дека станува збор за одговорна личност и млад спортист и дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.
Во четвртокот му кажал на газдата на компанијата во која работел дека дава оставка, разговарал смирено, потоа заминал и од тогаш неговото семејство не знае ништо за него.





