Две момчиња го оштетиле бродот „Титаник“ изграден од лего коцки, висок седум метри, на изложбата во Рим. Десетгодишното и 12-годишното момче излегоа од контрола на своите родители, влегле на бродот и го искршиле. Штетата се проценува на 1.500 евра, што родителите треба да ја платат како надоместок.



Момчињата биле неповредени откри еден од вработените во изложбениот салон, во кој беа изложени уште 120 дела посветени на транспортни возила изградени од три милиони лего коцки.