Иненадувачки почеток на 15 круг во најквалитетната кошаркарска лига на стариот континент со порази на финалистите од последното издание на Фајнал форот.
Фенербахче дома загуби од Реал Мадрид со 79-77 и тоа во ситуација кога „кралевите“ имаат голем број повредени и отсутни. Бриљираше Лука Дончиќ кому му недостасуваа два скока (20 поени, 10 асистенции и 8 скока) за трипл дабл. На страната на Европскиот шампион Вонамејкер имаше 20 коша, но промаши два шута во последниот напад на турскиот тим.
Во Каунас, пак, падна вицепрвакот Олимпијакос кој е поразен од Жалгирис со 74-68 и тоа најмногу поради лошата вечер на Спанулис кој имаше шут за три, 2 од 8 обида.




