Превкусни посни крокети од компир, растителен кашкавал и сусам.
Состојки
– 500гр компири
– 200гр брашно
– 40гр маргарин
– 50мл вода
– сол и векета по вку
– 150гр. растителен кашкавал
– 200гр. сусам

Начин на подготовка :
Излупениот компир исечете го на коцкички и варете го во солена вода околу 30 минути или додека компирот не омекне. Откако ќе се зготви, исцедете го и згмечете го во пире.
Додека компирот е се уште жежок додадете ја вегетата и маргаринот. Кога смесата малку ќе се излади промешајте го брашното разматено во малку вода во кој се варел компирот и замесето тесто.Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на даска посипана со брашно размесете ги и исечкајте ги на парчиња со големина по желба. На секое парче ставете коцка кашкавал и обликувајте топчиња притоа внимавајќи тестото целосно да го обвитка кашкавалот.
Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во подлабок сад со масло. Пржените крокети извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија. Послужете.





