Поместувањето на часовникот за 60 минути наназад изгледа како прилично мало, но оваа промена всушност може сериозно да влијае на нас и на нашиот организам.



Промената на часовникот, или движењето на часовникот назад навистина нема физичко влијание врз нас и за повеќето луѓе, сепак, станува збор за незабележителни промени.

Но кога циклусот се менува од ден на ноќ, тогаш и нашиот биолошки ритам се менува.Тогаш во нашето телото ќе настанат мали промени под влијание на нашите хормони и тоа се одразува на нашето однесување, спиењето, апетитот, нивото на енергија и имунолошкиот систем.

За среќа сите овие промени траат само неколку дена, а потоа повторно ќе се почувствувате нормално. Сепак, добро е да се знае како промената на часовникот може да влијае на вас. А во два случаја тоа најчесто се забележува.

Сон

Иако ние „добиваме“ еден час повеќе, квалитетот на спиењето всушност се влошува со поместување на часовникот наназад.

Намалена безбедност во сообраќајот

Немирниот сон предизвикува лоша состојба, а поради чувството на замор возачите многу полесно ја губат концентрацијата и нивните реакции се забавени. Ако се чувствувате „нерасонети“ погрижете се, барем, да имате чаша кафе пред да седнете во автомобилот.

Лекарот Бранко Мартинов укажува дека е многу мала групата луѓе кои сериозно страдаат поради овие промени, и дека за повеќето од нас, не постоја никакви последици.