Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од имаат повисоки цени, односно се продаваат поскапо за 10 денари. Со почетокот на годинава, во Македонија стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ќе ги опфати цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ.
„Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првата трибина од Платформата „100 проценти посветени за тебе“.

Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум. Воспоставуваме ред при што во јули, како што рече, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани. Тенденцијата вели Николовски е задржана и во наредниот период за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100-те дена во износ од 35,4 милијарди денари.

Трговците очекуваат дека до крајот на неделата и останатите марки ќе поскапат, со цел да се пресретне јануарското зголемување на акцизата и да се придонесат повеќе средства во буџетот.
Законот за акцизите, усвоен во октомври 2023 година, предвидува овие покачувања да се случуваат на 1 јануари секоја година, со што Владата очекува дополнителни 13 милиони евра годишно во државната каса.
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година.





