Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на ЕУРОДИЗЕЛ за 1 денар од вечерва на полноќ.
Со корекцијата на цената, ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по 80,5 денари по литар.
Цените на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 85,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 83,0 денари по литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1 денар, ќе изнесува 77,5 денари по литар. Поскапува и мазутот за 1,1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 41,9 денари по литар.






