Португалија сензационален полуфиналист на 29. СП во ракомет!

Мартим Кошта испиша историја за португалскиот машки ракомет со голот за триумф над Германија од 31:30 во Осло по продолженијата за полуфинале на 29. Светско првенство, прво за Португалците, кои на полувремето водеа со 13:9!



Левиот бек на Спортинг погоди три секунди до крајот на дополнителните 2×5 минути, во кои се влезе по нерешените 26:26 во основниот дел, совладувајќи го играчот на натпреварот Андреас Волф, кој дотогаш одбрани 21 удар од 50 упатени кон неговиот гол или 42 пероценти успешност!

Најпријатното изненадување на мундијалот, без пораз досега на шампионатот, во полуфиналето в петок од 20:30 ч. исто така во Осло ќе се надева на ново чудо против Данска, која неколку часа претходно го декласира Бразил со 32:21.

Во првото полуфинале утревечер од 21 ч. во Загреб ќе ги одмерат силите кодомаќинот Хрватска и Франција.