Владата вчера го назначи Никола Мемов, портпаролот на партијата ЗНАМ, за директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).
Тој на директорското мсто во ПИОМ доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села.
Мемов е дипломиран инженер-технолог за петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.
Во својата кариера Мемов бил генерален директор на компаниите Фабрика Карпош АД Скопје, потопа на Maкeдонијапроект АД, како и извршен директор во Sифекс трејд. Во биографијата пишува и дека бил ангажиран во рамки на проекти на министерствата за економија и за правда.






