„Ако во вашите изборни програми не е експлицитно дека ќе се воведе ред со бучавата и сообраќајот кај Интермецо и другите кафани/ресторани и клубови, ќе бидете на клоци избркани“!
Ваква порака деновиуве беше поставена на влезните врати на зградите во Капиштец со која се праќа порака до политичарите да го решат проблемот со константната бучава и зголемената фреквенција на сообраќајот околу барот „Интермецо“ и останатите кафеани и локали во околината, објави „СкопјеИнфо“
Акцијата „Иницијатива за пристоен Капиштец“ се спроведува од поголема група граѓани кои живеат во овој дел од Скопје и истата е насочена кон сите политички партии.






