Три ката биле поплавени откако синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијатор.



Просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрумот, објави Слободен печат.

За ваква несреќа пред неколку дена предупредил вработен на Клиниката за токсикологија, кој преку допис упатен до медиумот предупредил дека Клиниката за токсикологија не е осигурана.

Според информациите на „Слободен печат“, медицинскиот директор д-р Данил Петровски се потпишал на клиниката да биде осигурана, но економската директорка Бесија Иљази не го дала обврзувачкиот потпис за решението, па клиниката не е осигурана.