Поп на Вранишковски: Чомовски и Мојановски “подло озборуваат” и “дофрлаат на жени”

Свештеникот Давид од нерегистрираната верска заедница на српскиот егзарх Вранишковски во колумна за плусинфо.мк објавува тврдење според кое за време на погреб новинарот Александар Чомовски и професорот Цане Мојановски “озборувале мажи што гаснеле пожар” и вршеле “насилство врз жени”.



Еден од најблиските соработници на Вранишковски отецот Давид несвојствено за човек што сака да биде прифатен како свештено лице пренесува зборови од друг граѓанин со кои обвинува трети лица за подлост но и за вербално насилство врз жени.

“Одненадеж, до мене се доближува Илија и низ шепот ми вели: „под дрвото, претопени во сенката, помеѓу женичките ги видов Александар Чомовски, Цане Мојановски и уште една тајфа од пет-шест луѓе како нив. Тие подло ги озборуваат мажите што го гаснат огнот. Дури постојано им дофрлаа грубости и на женичките. Но, овие не им обрнаа внимание“, пишува во својата колумна Давид.

Врз основа на овие зборови свештеникот на Вранишковски заклучува дека Чомовски и Мојановски живеат бесмислен живот еднаков на небитие.

“Толку е убав животот, ах, толку е прекрасен животот, што стигнав само да му изустам: „смртта не е најлошото нешто што може да му се случи на човекот! Пострашен е животот без смисла, еднаков на небитие“, пишува Давид во колумната.

Александар Чомовски е еден од доајените на македонското новинарство кој долго го следи спорот меѓу МПЦ и СПЦ а професорот Цане Мојановски беше претседател на државната комисија за односи со верските заедници и важи за еден од најдобрите познавачи на проблемот со автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Вакви напади ad hominem не се ретки за членовите на групата околу Вранишковски кои преку групи на социјалните мрежи постојано напаѓаат новинари и јавни личности кои што се противат на нивната црковна агенда.