Министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај и претставници на италијанската финасиска полиција (Guardia di Finanza) денеска ги презентираа резултатите од мониторингот од воздух за откривање на површините со канабис во Албанија.
Мониторингот беше направен во периодот од 15 мај до 15 септември 2017 година и беше финансиран главно од италијанската држава, а делумно и од Европската унија. За време на овие летови, беа снимени околу 23 проценти од албанската територија, со исклучок на населените места.
Во споредба со претходните години, особено 2015-2016, кога имаше голем пораст на бројот на насади со канабис, во 2017 година бројот значително е намален. .
Сепак, во Италија оваа година се запленети многу повеќе тони канабис од Албанија отколку во претходните години:
Во последната година, италијанската финасиска полиција заплени повеќе од 33 тони наркотици на италијанскиот брег, или 167 отсто повеќе од претходната година.
Медиумите од Тирана денес пренесоа дека италијанската полиција заплени 11,5 килограми кокаин откриен во стан на албански државјанин, во периферијата на Болоња.





