По Оберсдорф Камил Штох славеше и на вториот натпревар во Германија демонстрирајќи одлична форма. Полјакот кој го брани трофејот од лани денеска имаше исклучително долг скок во втората серија(139 метри), па успеа да ги мине и да ги остави зад себе водечките по првите скокови, Фрајтаг и Фанемел. Штох води на турнејата која продолжува за два дена во Инсбрук, а Фрајтаг е лидер во генералното бодување во ски скокови.




