Потребни состојки:



-15 мини пиперки

-3 компири

-1 кромид

-3 чили пиперчоња

-100 гр. сирење

-½ кумин

-Сол и црн пипер

-2 лажички ситно сецкан кориандер

Припрема:

Во тенџере на оган загрејте масло и испржете го сирењето исецкано на коцки. Откако ќе се исрпжат извадете ги коцките сирење, па додадете ги семињата од кумин и ситно исецканите чили пиперчиња. Додадете го ситно сецканиот кромид и пржете се додека не се карамелизира. Додадете ги исецканите сварени компири, па посолете, наросете црн пипер и додајте го коријандерот. Потоа додадете го сирењето и пропржете уште 2 минути. Промешајте за да добиете хомогена смеса.

Измијте ги пиперките и исечете ги по должина, па отстранете ги семките. Пиперките наполнете ги со претходно направената смеса и ставете ги во тавче за печење. Печете 40тина минути на температура од 180 степени. Послужете во чинија за сервирање