Претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна Лотарија на Македонија изврши полицијата утрово, дознава Плусинфо.
Извршен бил претрес во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој не бил најден дома.
Тој утрово се огласи на Фејсбук дека е во Косово.
Во рамки на големата акција полицијата трага и по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија.
Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци, јави Плусинфо.
Неговите роднини дале ветување дека ќе се врати. Во неговиот дом е пронајдена поголема количина кеш пари, над 50.000 франци.





