„Воопшто не е пожелно да се формира Заедница на српски општини во Косово. Во * Македонија не е формирана Заедница на албански општини, иако Албанците во оваа република сочинуваат половина од нејзиното население, а исто така и половина од општините се раководени од Албанци.“ – изнесува Рефик Хасани од Косово, во својата колумна со наслов „Зошто само Косово треба да формира Асоцијација на општини на Србите?“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Колумната на Хасани има специфична политичка тежина и содржи извесна политичка порака, бидејќи тој е политички активист за „албанската етничка кауза за Албанците од Косово и во Балканот“ од редовите на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) на нејзиниот лидер и косовски премиер Албин Курти. Токму Курти и неговата партија директно се вмешуваат во политичкиот живот на Македонија и во нејзините парламентарни и претседателски избори преку официјализираната и формализирана поддршка и соработка со албанската опозициска коалиција „Вреди“ и за нејзиниот претседателски кандидат Арбен Таравари.
Покрај другото, Хасани натаму пишува: Државите, со кои се граничи Косово, и другите држави од Балканскиот Полуостров и од Европа, се мултиетнички во поголема мера одошто Косово, но во тие држави не постојат асоцијации на општини, со кои раководат малцинства, кои учествуваат со 4 проценти во структурата на населението.
Поради горчливото историско минато во овој дел на Европа и реакциите на населението, но имајќи ги предвид и општото мислење и пред се фактичката состојба на српското малцинство со 4 проценти в структурата на населението, воопшто не е пожелно да се формира Заедница на српски општини на Косово. Бидејќи, во Западниот Балкан ниедна држава не формирала таков механизам на заедници на општини, кои се раководени од малцинства.
Да ја земеме предвид * Македонија, таа нема формирано Заедница на албански општини, иако Албанците во оваа република сочинуваат половина од нејзиното население, а исто така половина од општините се раководени од Албанци.
Нема ниту Црна Гора Заедница на албански општини, иако во оваа поранешна југословенска република Албанците процентуално ги има повеќе отколку српското малцинство во Косово.





