Цените за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата од денеска се повторно на нивото од пред 25 април, кога беа зголемени за 15,4 проценти.
Иако сѐ уште нема официјален став, најверојатно ќе нема поврат на средства за тие што деновиве ги регистрираа своите возила. Се смета дека се работи за десетина илјади лица.
Граѓаните во периодот на повисоки цени на осигурувањето на возилата плаќаа повеќе од 840 до 1.600 денари.
Осигурителните компании реагираа на оваа одлука наведувајќи дека „претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“.






