Американската актерка Мила Кунис ја снима комедијата „Шпионот кој ме откачи“ во Европа, и затоа во следните четири месеци ќе престојува во Будимпешта. Убавата Мила (33) во Будимпешта пристигна со 39 годишниот сопруг Ештон Качер и двете деца. Дека познатата двојка ужива во семејниот живот со двегодишнат Вајат Изабел и осуммесечниот Димитри покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи.



Актерот Ештон Качер неодамна изјави дека е неверојатно горд на својата двегодишна ќерка Вајат Изабел, за коja вели дека ги разбира и веќе може да се зборува руски, шпански и англиски јазик. Ѕвездата од серијата Два и пол мажи и повеќе други филмови кој важеше за холиводски „срцекршач“ сега му е целосно посветен на семејството, а признава дека и тој станал подобар син, откако е татко.