Позната правната основа за смена на членовите на Судскиот совет која што ја бараат група пратеници

Интерпелацијата за работата на членови на Судскиот совет се поднесува, заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина, се вели во поднесокот од групата пратеници кои бараат разрешување на членовите на Судскиот совет.



Првата поднесена интерпелација е за Весна Дамева, член и екс претседател на Судскиот совет.

Група пратеници од Собранието денеска до спикерот Африм Гаши поднеле документ со кој бараат интерпелација за работата на членови на Судски совет.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика пратениците инклузивно да работата за промена во Судскиот совет.

,,Ги повикувам сите пратеници во парламентот ако се согласуваат дека треба да се распушти овој Судски Совет, кој тие го гласале, кога ќе дојде точката на дневен ред да гласаат да бидат разрешени членовите на Судски Совет, а потоа заедно да најдеме луѓе кои ќе мониторираат и ќе бидат тие кои ќе идентификуваат судии кои злоупотребуваат тоа што се судии и кои се причинители поради нивните контроверзни одлуки на некои процеси кои не треба да ни се случуваат”, посочи премиерот.