Шкотскиот актер Еван МекГрегор, ѕвезда на серијата „Фарго“, се разведува од својата сопруга со која беше во брак 22 години од кој имаат четири ќерки. Информациите за разводот доаѓаат откако актерот беше фатен во еден лондонски кафич во страстен бакнеж со младата актерка која неверојатно потсетува на неговата сега веќе, поранешна сопруга.

Иако сè изгледаше како идеален брак, се чини дека проблемите меѓу познатиот актер и неговата долгогодишна сопруга Еве Мавракис траеле неколку месеци.




