Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА од Атина.



Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.

Грчки „Прототема“ јавува дека пожарот избил денеска нешто по 12 часот на тревната површина околу граничниот премин од грчка страна.

Во негово локализирае учествуваат 22 пожарникари со 10 противопожарни возила, но и хеликоптер…

Туристи потврдуваат дека преминот времено е затворен.