Во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, избувнал пожар кој оштетил повеќе станови.
- Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид.
На 21.03.2025 во 16.05 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска” во Струга избувнал пожар кој оштетил повеќе станови. Увид на местото извршија полициски екипи.

Исто така вчера, во крајезерскиот појас со трска помеѓу Струга и село Калишта, избувнал пожар.
- Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, информира СВР Охрид.





