Меморандум за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација беше потпишан со цел намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави.
Документот доаѓа во момент кога на релација Скопје – Софија или обратно, се отвораат многу прашања, па и тоа со кое се негира постоењето на македонскиот јазик, а од страна на источното соседство македонскиот литературен јазик се третира за „деструктуриран бугарски јазик“.
Нема софтвер кој би ги оневозможувал директните разговори или кој би ја унапредил комуникацијата со превод во најавената поевтина комуникација, велат Ај-Ти експерти за „Експрес.мк“.
Според нив, вистина е дека „Гугл“ исфрли уред кој наводно во реално време ќе овозможува превод, но засега нема вклучен „бугарски“ како опција.
Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на заедничката седница на владите на Македонија и на Бугарија што треба да се одржи во Струмица, пренесоа македонски медиуми.
Со Меморандумот се обврзуваат министерстватаод двете земји да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг услугите за крајните корисницикои сега се меѓу највисоките во Европа – меѓу 2,99 лева и 6,99 лева за минута разговор и 26 лева (13 авра) за мегабајт, се вели во соопштението на македонската Влада.




