Подолго време му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци – приведен 29 годишен маж

Кавадарчанец бил лишен од слобода откако преку социјалните мрежи му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев и неговата фамилија.



Градоначалникот на Кавадарци денеска потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

– Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи, информира полицијата.
С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.