Два Автомобили,  од кои во едниот имало плинска боца, утринава биле запалени пред синагога во Ла Гранде-Мот на југот на Франција, предизвикувајќи експлозија во која е повреден полицаец, јавува Франс 24.



Градоначалникот изјави дека полицаецот кој дошол на местото на пожарот е повреден, а неговата здравствена состојба се уште не е позната

Министерот за внатрешни работи во заминување, Жералд Дарманин, на социјалната мрежа Х го осуди „очигледно криминалниот“ чин.

„Сакам да ги уверам нашите еврејски сограѓани и заедницата за сета моја поддршка и да побарам, на барање на претседателот на Републиката Емануел Макрон, да се мобилизираат сите средства за да се најде сторителот“, рече тој.