Зарем не би било одлично да можете да патувате преку Атлантскиот Океан толку долго колку што ви треба да одите на работа во утринските часови? Или помалку … Ова во моментов звучи само како сон, но наскоро би можело нешто да се промени и се да стане реалност. Станува збор за епохално откритие, за авионот „Антипод“, кој се очекува да биде во можност да превезува патници од Лондон до Њујорк за само 20 минути.
Како што е наведено во најавите, таквиот авион ќе може да го пробие звучниот ѕид веднаш по полетувањето и да постигне стабилно забрзување од околу 24 маха или 24 пати побрзо од брзината на звукот. Тоа се 30.000 милји на час или 12 пати побрзо од Конкорд. Последна споредба за брзината вели дека тоа е на нивото на Меѓународната вселенска станица.
Човекот што стои зад овој концепт кој е во фаза на разработка е канадскиот дизајнер Чарлс Бомбардие, внукот на легендарниот Џозеф Арман Бомбардие, основачот на познатата авиокомпанија. 43 годишниот внук е инжинер, иноватор и инвеститор кој често ги споделува своите индустриски дизајни со светот.
Основата на неговата идеја за брзината на „Антиподот“ е таа да се постигне со концептот на „long penetration mode“ или канализирање на воздухот низ млазниците поставени на носот на леталото. Што се однесува до висината на летот, таа не би била многу различна од таа на стандардните современи патнички авиони и би била некаде на 12.000 метри.
Единственото нешто што не звучи така брилијантно во целата приказна е цената. Леталото би било со простор за само десет патници, а во тој случај може да се претпостави дека цената за 20 минутното трансатлантско патување би можела да биде екстремно висока.




