Во напливот на секакви можни коментари во Бугарија за македонско-бугарските односи во последно време се издвојува анализата во порталот „Култура“, според која „за обединувањето од 1885 година останува да се чека некаква нова голема војна“!
„Македонскиот сон навистина лебди ‘тука’ во услови на национална еуфорија и на огромна посветеност. Особено до Илинденско-преображенското востание (август-ноември 1903 година) и веднаш по него, кога 30 000 ‘бегалци’ ја заплиснуваат Бугарија. И тоа не е ниту прв, ниту последен таков бегалски бран: најмалку една третина од софијанците, а и жителите на другите големи градови, се потомци на македонски бегалци. Крајно време е некој да направи истражување на ‘македонскиот
профил’ на постслободарска Бугарија – колкав дел од политичарите, офицерите, новинарите, професорите, службениците се родум од овие земји и соодветно – какво е нивното влијание врз политиката на државата до Првата светска војна. Убеден сум дека обемот на ова влијание ќе биде неверојатен.
Од друга страна, по 1903 година работите се променија. Никој прогресивен бугарски политичар не верува дека сценариото со обединување од 1885 година е воопшто достижно, со оглед на состојбата на статус кво, утврдена од Големите сили. Останува да се чека на некаква нова голема војна“, пишува во анализата насловена „За бугарско-македонските работи“.





