Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г.
Стефан, денеска го освети камен-темелникот на нова црква на МПЦ-ОА во Берлин „Свети Климент“.
На осветувањето на црквата поглаварот на МПЦ-ОА одржа свечен говор и упати пораки за обединување на македонскиот народ, верниците на македонската православна црква и сите граѓани.
Притоа Г.г. Стефан постави и реторичко прашање околу огромниот број на Македонци кои што ја напуштаат Македонија и заминуваат во светот каде што градат свои цркви.
„Да се запрашаме дали нашите предци имаа колку нас сега“, праша поглаварот во Берлин на осветувањето на новиот храм на МПЦ-ОА, на кое беа присутни и владиците Пимен и Јосиф.





