По човек кој не може да регистрира партија, Ковачевски со лидер за кој нема јавен доказ дека има повеќе сопартијци

По сликањето со политичарот Ивон Величковски кој не може да регистрира политичка партија затоа што не може да собере 1000 потписи и е лидер на непостоечко движење, лидерот на СДСМ Ковачевски се сликал со уште еден сличен калибар на политичар.



За лидерот на Српската странка во Македонија Мирослав Јовановиќ со кого исто како и со Величковски Ковачевски ќе оди на избори, на интернет сајтот на партијата не може да се најде кој е вториот член во партијата.

На сајтот на ССМ нема ниту едно друго име на партиски функциинер, член, претседател на комисија, потпретседател, генерален секретар или некаков партиски активист од партиски огранок.

На сајтот на ССМ стои само името на Јовановиќ.

,,Со основачот и претседател на Српска странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ го потврдивме проширувањето на Коалицијата за Европска иднина. Имаме јасен план за европски животен стандард, и просперитетна и развиена држава”, пишува Ковачевски по сликањето со Јовановиќ.

Единствено име во јавноста која може да е од Српската странка и која може да е втор член на партијата на Јовановиќ е Славица Тодорова екс директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

Пред 4 години таа се споменуваше затоа што беше сменета од функцијата но од тогаш за неа јавноста не чула ништо.