На серијата земјотреси почувствувани во југоисточниот дел на Македонија во првите денови од новата година, а со епицентри во северна Грција, денеска силно се стресе и Црна Гора.
Околу 11:46 часот на тромеѓето меѓу Црна Гора, Албанија и Косово, седум километри северозападно од Плав, Завод за метеорологија и сеизмологија на Црна Гора регистрира земјотрес од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 14 километри.
Според првите информации, потресот предизвикал паника во Плав, Гусиње, Андриевица, Беране, а силно бил почувствуван и во Подгорица.





