„Вицепремиерот задолжен за политики за добро управување Арбен Фетаи заедно со неговиот сопартиец Азир Алиу одржаа срдечна и содржајна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас. Фокусот на дискусиите беше стратегиското партнерство на земјата со Европската Унија, напредокот во спроведувањето на реформската агенда, како и претставувањето на економскиот развој и одржливиот напредок.“ – објави ТВ Шења.
Телевизијата истакнува: „Нашето партнерство со ЕУ е непоколебливо. Европската Унија е наш дом. Европската интеграција останува единствена стратегиска алтернатива за нашата земја.“ – нагласи вицепремиерот Фетаи по средбата.
„Владините претставници ја потврдија посветеноста на македонската страна за напредок на патот кон членство во ЕУ преку зајакнување на институциите, владеењето на правото и почитувањето на европските стандарди. Амбасадорот Рокас ја пофали посветеноста на владата и ја нагласи важноста на тесната соработка во рамките на интеграциските процеси.“ – објави ТВ Шења.





