По пуштањето на патот Градско-Дреново, СДСМ се пофали дека тие речиси цел го изградиле

По повод денешното свечено пуштање во употреба на Делницата Градско Дреново, пратеникот од редовите на социјалдемократите, Миле Талески, изјави дека експресниот пат Градско-Дреново е над 92 проценти реализиран од владата на СДСМ.



„Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај“, изјави Талески.

Тој додаде дека и делницата од Дреново до Фариш е над 80 проценти реализирана од владата на СДСМ…

СДСМ за јубилејот се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ за кој се играше ,,Чочек” (ВИДЕО)