Премиерот Христијан Мицкоски ги посети скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба по повод божиќните празници.
“Да ја покажеме нашата човечност и да ја споделиме радоста со сите. Да се потсетиме дека секоја трпеза треба да биде исполнета со љубов, секое срце со насмевка и секој дом со среќа. Бидете несебични, дарувајте на оние на кои им е најпотребно, бидејќи заедно можеме да донесеме светлина и топлина во животите на сите семејства. Божиќ е празник на добрината, а нашите дела се најголемиот подарок што можеме да го дадеме” напиша премиерот Мицкоски.




Тој објави и видео и напиша:
“Заедно, да создадеме празник исполнет со љубов и добрина”.





