По повод 8-ми Март, Путин помилуваше 52 затворенички

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за помилување на 52 осудени жени по повод 8 Март, пренесе ТАСС.



„При донесувањето на оваа одлука, шефот на државата се водел од хуманитарни побуди.

Прво и основно, помилувањето ги опфаќа жените со малолетни деца, трудниците и жените, чии роднини се вклучени во специјалната воена операција“, соопштија од прес-службата на претседателот.

Правото на претседателот на Русија да помилува осуденици е запишано во член 89 од рускиот Устав.

Рускиот закон предвидува и постапка за амнестија, која не е индивидуална.

Во 2023 година, Путин зборуваше за опција за амнестија за „одредени категории жени“ во притвор.