По речиси 15 часовен прекин жителите на Ново Лисиче и Аеродром добија струја, откако вчера невремето со град и силен ветар предизвика проблеми во електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН утрово информираа дека екипите на Електродистрибуција и МЕПСО работеле цела ноќ за да го поправат дефектот на двата 110-киловатни далекуводи кои ги снабдуваат трасфостаниците „Аеродром“ и „Исток“.





