По Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати навреди кон Гордана Силјановска Давкова која вчера од митингот во Центар ја спореди со тетка му Жана.
Ковачевски од митинг упати алузии дека Силјановска не знае каде се наоѓа и дека Мицкоски ја шетал низ цела Македонија иако професорката според медиумските извештаи сама патува на своите митинзи.
Перфидната изјава на Ковачевски кој меѓу редови сака да ја протурка дилема на интелектуалните капацитети на Силјаноска Давкова е досега невиден атак врз било кој кандидат за претседател во историјата на Македонија.
Во изјавата на Ковачевски тој се обидува да ја навреди и Силјановска Давкова но и неговата тетка Жана која сигурно е подобар кандидат од Ковачевски и Пендаровски заедно.
Во исто време Ковачевски го навредува Пендаровски затоа што тој тврди дека лично го кандидирал.
Пендаровски предходно тврдеше дека се кандидирал со потписи на граѓани.
Навредливата изјава од Ковачевски:






