По месеци преговарање постигнат Договор за стратешко партнерство со членка на Советот за безбедност на ОН

По повеќе месеци преговарање денеска е постигната согласност за потпишување Договор за стратешко партнерство со Велика Британија која е членка на Советот за безбедност на ОН.



Историски ден за Македонија!
Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, објави премиерот Христијан Мицкоски.

,,На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.

Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка”, објави премиерот кој откри дека договорот се преговарал повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучувал членови за блиска соработка во повеќе клучни области.