По заканите од Ахмети кон Мицкоски Пендаровски ги обвини Македонците за постоење на јаз

Неколку часа откако лидерот на ДУИ Али Ахмети упати закана за конфликт кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претседателот и кандидат за иден шеф на државата ги обвини македонците за постоење на јаз.



Пендаровски не само што не ја осуди воинствената реторика на Ахмети кој покрај заканите скандирање УЧК, УЧК туку во јавна објава го обвини Македонците дека биле виновни за јазот меѓу нив.

За заканите од Ахмети кон Мицкоски молчи и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

,,Едно време постоеше огромен јаз меѓу етничките заедници, особено меѓу Македонците и Албанците.

Во изминативе 10, 15 години постои јаз меѓу самите Македонци, меѓутоа за жал во тој дел, дел од луѓето не беа подготвени да го направат тој чекор, едни кон други, а еден дел од нив беа инструирани од политичките субјекти да не го прават тоа.

Само со солидарност едни кон други, само со користење на клучниот потенцијал на 1.8 милиони луѓе кои живеат во Македонија може да напредуваме. Сè друго е заблуда”, објави Пендаровски молчејќи за јазот што Ахмети го направи со заканите кон Мицкоски.