И ЕСМ производство поднеле барање за покачување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.
Регулаторната комисија за енергетика го примила барањето на 18 јануари во која се наведува дека трошокот треба да се коригира за речиси 21 отсто.
Регулаторната комисија сега треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење
Според досегашните пресметки на регулаторите, со ваквите барања на компаниите за парно на ЕСМ, греењето би поскапело за 10 до 11 отсто, јавува Телма.






