Пратеничката група на ПП-ДБ, втора по бројност во бугарскиот парламент, ќе го врати мандатот за формирање влада, откако тоа преходно го направија од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов



Заменикот и поранешен министе Божидар Бојанов на брифинг во Собранието објасни дека нема поддршка за вториот мандат.

Затоа, мандатот ќе биде вратен веднаш откако шефот на државата Румен Радев ќе го предаде на ПП-ДБ.

Поранешниот премиер, а сега копретседател на ПП-ДБ Кирил Петков му се заблагодари на претседателот Румен Радев за дадената можност.

ПП-ДБ ќе го врати вториот мандат во првата можност, откако претседателот ќе одлучи кога ќе го предаде, јавија бугарски медиуми.