По Велика Британија вицепремиерот Николоски ,,ја освојува” и Франција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.



На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфраструктурни проекти како дел од регионалниот развој, а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија.

,,Од денеска сум во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да остварам низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји, како и можните инфраструктурни проекти.
Утрово во Париз имав одличен состанок Брис Рокфеј, Директор за Континентална Европа во Министерство за Европа и за надворешни работи. Продолжуваме со многу интензивна агенда во интерес на Македонија”, објави Николовски.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски се претставници од Министерството за економија и финансии.

Исто така Николовски ќе оствари средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е да оствари средба со министерот за транспорт, Филип Табарo.

Во рамки на посeтaта во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство.