Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МК, на годинашното 43-то издание на Скопскиот џез фестивал.



Фестивалот вечерва ќе го отвори специјалниот настап на денес најдобрата и најпопуларна американска џез пејачка, Сесил Меклорин Салвант. Овенчана со три Греми статуетки, шест номинации за Греми и бројни други значајни награди за најдобар џез вокал, таа се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Нејзините концерти се неповторливи искуства, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Вечерва во МКЦ ќе настапи и домашниот џез-состав Next to Silence, претставувајќи го своето најново, второ по ред, албумско издание „Ruh“ (SJF Records), коешто беше промовирано во саботата (12 октомври).

Next to Silence истото ќе го срочат и на нивниот настап на Скопскиот џез фестивал, каде што новиот материјал ќе доживее и концертна премиера.

Повеќе на ЛИНКОТ