Македонскиот фудбалски репрезентативец ги доби потребните документи и ќе може да заигра за словенечкиот Домжале. 29 годишниот тетовец кој во минатата сезона настапуваше за Астана има подолга пауза заради недоразбирањата со Казахстанците, но сега се враќа на терен и може да биде од помош и за нашата репрезентација. Агим Ибраими за Македонија одигра 39 средби и постигна седум гола и подолг период беше незаменлив.