По околу 12 медицински сестри, во просек, месечно ја напуштаат Македонија, откао ќе побараат препораки од здруженијата и болниците каде работат.



Најчесто одат во Германија и Швајцарија, но се почесто и во Хрватска, велат од првото Здружение на медицински сестри за анестезија, реанимација и интензивна нега од Македонија.

Нема доволно медицински сестри на Детската клиника во Скопје

„Медицинските сестри сакаат да учат и заминуваат, а не сакаат да работат во Македонија, причината е малата плата, има многу работа. Ние сме преоптоварени. Ние сме мал број. Една сестра работи за три лица.

Медицинска сестра на интензивна нега згрижува 5-6 пациенти. Тоа е многу. Медицинска сестра треба да се грижи за пациент. Го поминавме Ковидот, поминавме многу тешки моменти и сè уште немаме разбирање од важните институции да ја оценат нашата работа“, изјави Јулијана Казанџиска – претседател на Здружението на медицински сестри за анестезија и реанимација.

Само минатата година околу 2.000 медицински сестри ги напуштиле своите работни места и заминале во странство.

„Покрај млади заминуваат и медицински сестри со над 20 години работен стаж, сестри кои имаат пракса, се храбрат и си заминуваат од Македонија, најголем дел се медицински сестри од гранките интерна медицина и хирургија, анестезија, медицински сестри кои се добро обучени, имајте знаење и заминете“, додаде Јулијана Казанџиска – претседател на Здружението на медицински сестри за анестезија и реанимација.