Ќе се согласи ли Зеленски на замрзнување на фронтот со Русија, ќе опстане ли демилитаризираната линија во должина од 800 милји или речиси 1500 километри, кој ќе врши контрола на линијата на поделба, ќе се откаже ли Киев од членство во НАТО и ќе прифати ли Русија Украина да ги контролира деловите на Курск кои сега се под команда на украинската армија.
Ова се главните спорни прашања од планот на Трамп за прекин на војната во Украина.
Според американското неделник Њузвик кој го анализира планот за кој тврди дека е на Трамп посебно прашање е дали Европските партнери ќе се согласат да плаќаат за остварување на планот но и дали Русија ќе се согласи само европски сили да ја контролираат демаркационата линија.
Според Њузвик ,,во дел од „мировниот план“ на Трамп, покрај притисокот за прекин на огнот, неговите советници „еднакво препорачаа да се замрзне војната на место“, што ќе го запре целиот конфликт долж сегашните линии на фронтот и ќе има значителни последици и за Русија и за Украина”.
Со замрзнување на конфликтот, на Русија ќе и биде дозволено да ја задржи територијата што моментално ја зазеде, околу 20 отсто од Украина, а Украина ќе мора да се откаже од напорите да се приклучи на НАТО, клучна компонента на „планот за победа“ на Зеленски, објави Њузвик.
Но, според таа логика, Украина би ги задржала деловите од Курск со замрзнување на конфликтот долж сегашната демаркација, која ја зазеде приближно 500 милји во август во ненадеен упад и оттогаш се бори со Русија за територијата.
Русија распореди 50.000 војници во регионот на почетокот на октомври, а неодамна распореди меѓу 8.000 и 12.000 севернокорејски војници на фронтот.
Не е јасно дали Зеленски и Путин ќе се согласат на ова, бидејќи концесиите на земјата навидум би ја поткопале причината поради која војната започна во февруари 2022 година.
Запирањето на конфликтот на фронтот, исто така, спаѓа во друг дел од мировниот план на Трамп, кој вклучува создавање на демилитаризирана зона од 1500 километри, за што двете земји мора да се согласат, но член на тимот на Трамп според Њузвик рекол дека американските трупи нема да вршат улога на полиција.
Во врска со демилитаризираната зона, членот на тимот на Трамп рекол: „Можеме да правиме обука и друга поддршка, но орудијата ќе биде европски. Ние не испраќаме американски мажи и жени да го зачуваат мирот во Украина. И не плаќаме. Натерајте ги Полјаците, Германците, Британците и Французите да го направат тоа“.
Засега Москва и Европските партнери на САД не реагираат официјално за предлогот што го пренесува Њузвик.





